Сликата на прв поглед претставува обична куќа во рушевини. НО, во оваа зградичка е отворено ПРВОТО училиште на македонски јазик. Се наоѓа во селото Подвис, на 10 километри југозападно од Кичево.

На денешен ден во 1943 година, училиштето започнало да работи.
Во слободното Кичево, првата и единствена слободна територија во Македонија – овде првпат прозвучил македонскиот јазик.

Првиот час бил одржан од страна на учителот Василко Лазарески.

Иако објектот има статус како споменик на културата и постојат иницијативи за негово возобновување, сепак и понатаму останува во руинирана состојба.
За народ што не го чува своето минато, никогаш нема да има место во иднината…

СПОДЕЛИ да стигне до надлежните!
78 години од првиот час на македонски јазик.

