Украинците го погребаа заедно со„Москва“, но капетанот на крстосувачот „воскресна“ во Севастопољ

По шпекулациите на Украина и западните медиуми дека околу 400 морнари на крстосувачот „Москва“ загинале заедно со капетанот Антон Куприн, Русија денеска објави видео на кое се гледа средба на шефот на руската морнарица, адмиралот Николај Евменов со членовите на екипажот на потонатиот крстосувач.

Адмиралот Евменов го информирал екипажот на крстосувачот дека офицерите и морнарите од „Москва“ ќе продолжат да служат во морнарицата.

-Традициите на гардискиот ракетен крстосувач „Москва“ внимателно ќе се чуваат и продолжуваат, како што отсекогаш било во морнарицата, рече Евменов.

Дел од западните медиуми коментираа дека пред Евманов биле построени некои други морнари, а не екипажот на „Москва. Но од снимката јасно се гледа капетанот Куприн, кој го пречекува адмиралот и заедно со негов врши смотра на војниците.

Според руската морнарица, крстосувачот Москва беше тешко оштетен од детонација на муниција на 13 април. Ден подоцна Русите објавија дека бродот потонал додека се влечел до пристаништето.

-При влечење на крстосувачот „Москва“ до одредишното пристаниште, поради оштетување на трупот добиено при пожар од детонација на муниција, бродот изгубил стабилност. Во услови на бурно море, бродот потона,соопштија од воениот оддел.

Руските медиуми објавија и дека сите 510 членови на екипажот се евакуирани.

Украина, пак, тврди дека ја погодила „Москва„ со противбродски ракети Нептун и со тоа предизвикала потонување на командниот брод на руската Црноморска флота. Според Украинците, во нападот загнал и команданот на бродот Куприн, а таа информазападните медиуми шпекулираа дека се спасиле стотина морнари додека останатите 400 загинале.

https://video.fskp1-2.fna.fbcdn.net/v/t42.1790-2/278477136_678233023431845_664413260399485446_n.mp4?_nc_cat=108&ccb=1-5&_nc_sid=985c63&efg=eyJybHIiOjQyNCwicmxhIjo1MTIsInZlbmNvZGVfdGFnIjoic3ZlX3NkIn0%3D&_nc_ohc=QKCiiwPqzZUAX_wx7lm&rl=424&vabr=236&_nc_ht=video.fskp1-2.fna&edm=AGo2L-IEAAAA&oh=00_AT-VCxPEf1f5N_PWnjV6mXsVw0AcYGv0gGfuAviApeglIw&oe=625C9514

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*