ЧЕСТИТКИ ЗА ДЕНОТ НА АВСТРАЛИСКОТО НАЦИОНАЛНО ЗНАМЕ!

3 септември 2021 година, Канбера, Австралија – Светскиот Македонски Конгрес упатува искрени честитки до Комонвелтот Австралија за 3 Септември – Денот на националното знаме на Австралија.

За првпат австралиското национално знаме се развеало на 3 септември 1901 година. На тој ден премиерот на Австралија Едмунд Бартон ги објавил победниците на официјалниот конкурс за дизајн на федерално знаме.

СМК посакува продлабочување на македонско-австралиските билатерални односи и почитување на правата и слободите на Македонската заедница во мултикултурна Австралија!

И Македонците во целиот свет и во Австралија го слават Денот на Македонското знаме – шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа на 11 Август! За првпат во историјата од возобновувањето на Македонската држава, законодавниот дом на 11 август 1992 година го утврди шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа за симбол на државното знаме на државата Македонија! За првпат во историјата, Симболот на Империјата Македонија стана симбол на возбоновената држава Македонија!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*