Османи: Не се созреани предусловите за да ја информирам јавноста дека имаме договор со Бугарија

Има напредок во преговорите Скопје – Софија но и двете страни засега немаат договор по документ за да се сподели пред пратениците и јавноста, порача министерот за надворешни Бујар Османи. Без да открива детали, Османи кажа и дека токму во моментов разговорите се водат околу барањето за вметнување на Бугарите во македонскиот Устав.

Во меѓувреме пак Американскиот Стејт Департмент ги искритикува бугарските власти за ускратувањето на човековите права на етничките Македонци.

„Властите продолжија да негираат регистрација на етничко -македонски активистички групи како што се Обединетата македонска организација ‘Илинден’, Друштвото на угнетените Македонци -жртви на комунистичкиот терор, Здружението за одбрана на индивидуалните граѓански права и Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија, и покрај 14 претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права дека негирањето ја нарушува слободата на здружување на групите“……се вели во дел од Извештајот посветен на слободата на здружување.

Бугарскиот премиер Кирил Петков, во придружба со потпретседателката Илијана Јотова, во сабота ќе ја посети Битола. Тие доаѓаат во Македонија на сопствена инцијатива а според информациите ќе промовираат проекти, делумно финансирани од бугарската држава. Според неофицијални информации заедно со нив доаѓаат и поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева и Костадин Костадинов од партијата Преродба, и ќе присуствуваат на отворањето на културниот клуб на Здружението „Ванчо Михајлов“ во Битола. Околу најавената на Петков, Османи вели дека се планира средба со премиерот Ковачевски или некој од министрите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*