Претепан е ракометар на Бутел, се бори за живот на скопските клиники!

Доцна вечерва дел од спортските медиуми во земјава објавија дека ракометар на Бутел бил претепан по што нанесени му се тешки повреди и тој се наоѓа во живото-загрозувачка состојба.

Специјализираниот портал за ракомет „24 ракомет“ објави дека инцидентот се случил денеска, а утрово ракоментарот бил примен со скршеници и тешки повреди на скопските клиники.

Според првичните неофицијални информации, станува збор за 27 годишен хрватски интернационалец.

Полицијата засега нема информација за инцидентот, а од болницата потврдија дека ракометарот е во тешка здравствена состојба и се бори за живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*