11 септември 2001, Најголемиот терористички напад во историјата

Исламски терористи во САД киднапираа четири патнички авиони и изведоа најголеми терористички напади во историјата.

Двете кули на Светскиот трговски центар во Њујорк потполно беа урнати кога во нив удрија два авиона. Третиот авион удри во зградата на Пентагон во Вашингтон, а четвртиот, после борбата меѓу патниците и киднаперите, се урна во Пенсилванија.

Во нападите загинаа 2.977 лица плус сите 19 терористи. САД за нападите ја обвинија терористичката мрежа на Ал-Каеда на саудискиот исламски терорист Осама бин Ладен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*