АП: Украинската градоначалничка убиена и фрлена во јама

Градоначалничката на Мотижин, лоциран на 50 километри од Киев, била убиена во класична егзекуција, заедно со нејзиниот сопруг и синот, изјави жителка за „Асошиетед прес“.

Според „Асошиетед прес“, Олха Сукенко и нејзиното семејство биле застрелани и фрлени во јама во шумата зад три куќи каде што спиеле руски војници. Четвртото тело сè уште не е идентификувано.

Беше објавено дека градоначалничката и нејзиното семејство биле киднапирани од Руси на 23 март и однесени во непознат правец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*