Откако талибанците го освоија Авганистан и влегоа во Кабул, фудбалерките побегнаа на безбедна локација во страв за нивните животи и чекале таму за да бидат спасени.
„Овие млади жени се спортисти и активисти кои беа во опасност, и со тоа и се заблагодаруваме на меѓународната заедница што вложи големи напори да им помогне“, соопшти Фифпро во изјавата, додавајќи:
„Повикуваме да не застанеме на ова, туку да им ја пружиме целата помош што може да им биде потребна за интегрирање во новото општество, но и да им помогнеме на другите спортисти и луѓе во Авганистан на ист начин“.
Поранешниот капитен и актуелен директор на авганистанскиот женски фудбалски тим Калида Попал ја опишал евакуацијата како голема победа над талибанците, но додаде дека ова не е крај.
“Фудбалерките беа храбри во многу тешки времиња, и сега се надеваме дека ќе ги чека подобар живот надвор од Авганистан. Женскиот фудбал е едно големо семејство и ние мора да се осигураме дека секој го има она што му треба”, рече Попал, додавајќи:
“Не можев да спијам, плачев цело време. Се чувствував беспомошно додека не слушнав дека се добро и безбедно. Сите други требаше да се спасат”.



