Русија: Имаме документ од синот на Бајден за финансирање биолаборатории

Uncategorized

Министерството за одбрана на Русија има преписка меѓу синот на претседателот на САД, Хантер Бајден и соработници на Дирекцијата за намалување на заканите на американското Министерство за одбрана и Пентагон во Украина, изјави денеска началникот за радијација, хемиски и Биолошка заштита на руските вооружени сили, генерал-полковник Игор Кирилов.

Документот потврдува дека Хантер Бајден одиграл важна улога во изнаоѓањето средства за спроведување експерименти со патогени на територијата на Украина, пренесува „Спутник“.

„Содржината на документот покажува дека Хантер Бајден одиграл важна улога во изнаоѓањето финансии за спроведување експерименти со патогени на територијата на Украина. Тој обезбедил средства за компанијата Блек и Веаќ и Метабиота“, рече Кирилов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *