Белорускиот амбасадор во Киев, Игор Сокол денеска најави евакуација на амбасадата на Белорусија во Украина поради „закани“ и „блокада на банкарските сметки“.
Дипломатскиот конвој беше подложен на темелна претрага што траела повеќе од 20 часа пред да може да преминат во Молдавија, објави руската новинска агенција Интерфакс.
„Украина ги блокираше сите сметки и создадени се неодржливи услови. Постои постојана закана од физичко насилство. Ние сме под опсада, па Министерството за надворешни работи, одлучи да ја евакуира амбасадата“, рече Сокол.
Тој ги осуди „провокативните и намерни дејствија на персоналот на украинската гранична служба“. Поточно, тој рече дека претресите на автомобилите евакуирани од работниците траеле два до три часа. „Сето тоа е направено на прилично срамен начин“, рече тој.
Новинарката Олга Токариук на социјалните мрежи објави видео на кое украински граничар полни кеса со 30 монети и ги фрла кон амбасадорот како симбол на предавството на Јуда на Исус. „Генералот нареди овие 30 сребрени монети да им бидат предадени на вашите претпоставени“, рече граничарот.
„Тоа е наредба за тебе, не за мене“, одговорил Сокол. После тоа граничарот ја фрли кон него кесата со монети.


