Усвојувањето на Уредбата од страна на Владата со која се официјализира употребата на албанскиот јазик во полициските униформи е од големо значење, порачаа од Демократската Унија за Интеграции.




Со одлуката е исполнета уште една обврска која произлегува од Охридскиот Рамковен Договор и која е во согласност со Законот за употреба на албанскиот јазик донесен од страна на Собранието на Република Северна Македонија, велат од партијата.




Како што се наведува во соопштението, „оваа владина уредба е уште еден чекор кон исполнување на законската обврска, но и за зголемување на довербата меѓу полицијата и граѓаните, бидејќи оваа доверба ќе има уште поголемо влијание врз лојалноста на граѓаните и општествена кохезија и создавање и изградба на демократските институции во државата“.




„Демократската Унија за Интеграција констатира дека е успешно завршена уште една задача согласно Уставот и Законот, што е одраз на принципиелното спроведување на начелата на еднаквост како гаранција за напредокот на нашата земја за еднакво општество чија цел е интеграцијата на земјата во големото европско семејство“, додаваат од Демократската Унија за Интеграции.




Поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на партијата „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски, реагира на оваа одлука и вели деканеговата партија која е член на владиното мнозинство, не била информирана за оваа уредба.




-Една држава – една униформа! Обединети за Македонија е крајно изненадена од прекршувањето на Уставот на Република Северна Македонија со новата одлука за двојазични униформи во Град Скопје.
Концептот за едно општество за сите се руши со вакви поделби. Ваквите одлуки може само да го разделат нашиот народ.




Одлуката за двојазични униформи е противуставна. Сево ова се донесе без да бидат консултирани сите коалициони партнери, другите политички партии и без да се развие поширока дебата во јавноста.
Со вакво дејствие само се задоволуваат нис ките cт pa c ти на мала група националисти по етничка основа, а се руши државниот патриотизам и почитта кон државата, која е матична држава на сите кои живеат во неа.




Дали треба да дојдеме до момент да ги изнапишеме униформите на 20+ јазици и народот да не може да се разбере меѓу себе?
Со ова, во иднина ќе дојдеме до момент некои групи да не го познаваат македонскиот јазик кој се зборува на целата територија на државата и со тоа да не може да се разбереме меѓусебно.




Обединети за Македонија нема ништо против ниту една етничка група во Република Северна Македонија.
Горди сме што имаме членови од сите етнички заедници, но имаме против поделбите и етничкиот национализам на штета на единството и заедништвото. Апелирарме на разум и свест од сите.


