Трудот е наш, заеднички, на сите, но денес е јасно дека промените не се доволни, дека тие треба да се случуваат многу побрзо и поквалитетно и дека нашата борба не е завршена, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев во писмото упатено до членовите на партијата по повод резултатите од првиот круг од локалните избори.
– Граѓаните во првиот круг на овие избори ни пратија јасна порака и ние таа порака мораме да ја слушнеме, да ја разбереме и да постапуваме по неа. Народот не е за ВМРО-ДПМНЕ. Но, во исто време народот сака многу подобар резултат и многу повисок интензитет на промени реализирани од СДСМ. Ние тоа и можеме и мораме да го испорачаме. Сите ние, секој од нас. Заедно, пишува Заев.
Според него, граѓаните ја бараат нашата мобилизација и нашата борба за нов циклус промени.


