Комисијата за заштита од заразни болести ќе и препорача на Владата да го укине задолжителното носење на маски за децата за време на наставата во училиштата во основното образование. Средношколците и натаму ќе останат под маски. Покрај оваа одлука, донесен е и предлог за укинување на обврската за поседување вакцинален сертификат во угостителските објекти кои имаат отворени тераси. Комисијата во овој момент одржува прес конференција. Деталите ќе ги објавиме наскоро.