Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека поради него САД биле надвор од војната во текот на четирите години од неговиот мандат.
„Јас бев единствениот претседател во речиси четири децении кој не ја вовлече Америка во конфликт“, рече Трамп на митинг во Јужна Каролина, а насобраната публика го награди со овации.
„Наместо тоа, ги донесов нашите војници и нашите прекрасни деца дома каде што им е местото“, додаде тој.
Трамп рече дека САД треба да ја елиминираат својата зависност од руската енергија и истакна дека стравува дека конфликтот меѓу Украина и Русија може да доведе до Трета светска војна.
„Ако мислите дека Путин ќе престане, нема да престане, ќе станува полошо и полошо“, рече тој на собирот, пренесе Индекс.хр.


