На социјалните мрежи се објавени нови снимки од наводни изборни нерегуларности во чиј опис се посочуваат неколку државни функционери и кандидати за советници од политичка партија од власта.
Според објавата на Твитер, поткупот се одвива во селото Корешница во Демир Капија, а снимени се директорот на Јавното комунално претпријатие, Бошава инспекторка во УЈП и носител на листа на една политичка партија од власта.
Покрај тоа што наведените лица го кршат изборниот молк се врши и поткуп се тврди во објавата..


