Руската инвазија во Украина веќе е во 17 ден, а е далеку од разрешница. Тоа што наводно требаше да биде брза воена операција за Русија, сепак не оди според планот. Западните медиуми пишуваат дека поради тоа Путин презема драстични чекори во своите редови.
Шефот на Федералната служба за безбедност на ФСБ, Сергеј Беседа се наоѓа во домашен притвор, а како што пишува „Тајмс“ Путин има намера да ги обвини безбедносните служби за спориот тек на инвазијата во Украина.
Беседа е притворен заедно со неговиот заменик Анатолиј Бољух, според водечки експерт за руските безбедносни служби.
Андреј Солдатов, кој е ко-основач и уредник на Agentura, истражувачка веб-страница што ја следи ФСБ и други агенции, рече дека извори од ФСБ го потврдиле притворот на двајцата.
https://cepa.org/putin-places-spies-under-house-arrest/
Владимир Осечкин, руски активист за човекови права во егзил, исто така ги потврди апсењата. Тој додаде дека офицерите на ФСБ извршиле претреси на повеќе од 20 адреси низ Москва на колеги за кои постои сомневање дека биле во контакт.
„Тајмс“ не исклучува разрешување, дури и апсење на министерот за одбрана Сергеј Шојгу, но и детронизација на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.


