Уапсени двe лица кои денес извршија вооружен грабеж на банка во Скопје,третиот исчезнал

Денес среде пладне во Скопје се случи вооружен грабеж на УНИ банка каде влегле тројца, им заканиле на вработените со оружје и одзеле за сега непозната сума на пари. Полицијата веднаш презеде соодветни мерки при што како што соопштија пронајдени се и лишени од слобода двајца од учесниците во грабежот.

– Денеска (08.03.2022) во Скопје се приведени Н.Ш. (24) и С.Б. (32) поради сомнение дека учествувале во денешното разбојништво кое беше пријавено во 12.35 часот во експозитура на банка на подрачје на Центар кога три лица со закана со оружје одземале пари од вработените, информира МВР.

Се преземаат и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*