Приказната на оваа невеста Лидија од Крушевац тврди дека нејзиниот кум и ја уништил свадбата со своето однесување. Кога дошло на ред прашањето дали некој има нешто да каже во врска со венчавањето, се огласил кумот:
“Имам нешто да речам пред тоа госпоѓо матичарка, ако дозволите” рекол кумот.
Сите присутни беа шокирани од него, а матичарката му дозволила да зборува. “Тогаш кимот Лазо со кого се дружиме веќе 14 години се сврте кон својата девојка, за која дури и не знаевме дека постои, тој ни е венчален кум и не гледам зошто би дошол со девојка која речиси и не ја познаваме и со која, наводно, околу три недели бил во врска?!“ вели невестата Лидија.
Кумот Лазо пришол до девојката, клекнал, и пред сите ја прашал: “Дали сакаш да се венчаш со мене”. Присутните сватови во крајна тишина гледале во парот и се чуделе што се случува. Откако кумот Лазо добил потврден одговор, аплаудирале и честитале а младенците веќе не биле главни на настанот.
Неваестата Лидија останала шокирана. Лутината и бесот не и поминал ни за време на свадбата, ни потоа.
“Навистина сум шокирана и разочарана, тоа беше планиран настан од кумот за кој не знавеме и ни ја упропасти важноста на свадбата и чинот на венчавање кој го чекавме две години. Тоа не е фер од него, нашата свадба да ја претвори во своја забава, а младенците треба свдбата да ја имаат во спомен како еден од најважните денови во својот живот, а не како забава на кумот и нговата девојка“ вели невестата Лидија.
Разочарана е и поради тоа што младонеженецот ни збор не му рекол на својот другар, кумот, кој им ја упропатсил свадбата и невестата Лидија се сомнева дека може да живее и да се ослони на таков човек понатаму.


