Украина создава нуклеарно оружје – Америка молчи?

Шефот на руското разузнавање Сергеј Наришкин изјави дека Русија има информации дека Украина веќе некое време работи на создавање нуклеарно оружје.

„Украина долго време работи на создавање нуклеарно оружје, а САД беа свесни за тоа, но тоа за нив не претставуваше никаква пречка“, изјави во четвртокот шефот на руската служба за разузнавање СВР, Сергеј Наришкин.

„Според руското Министерство за одбрана, Украина го задржала технолошкиот потенцијал за развој на нуклеарно оружје. Нејзините способности се многу поголеми од оние на Иран или Северна Кореја. Освен тоа, според некои докази до кои дошла СВР, Украина веќе работи во таа насока, се вели во соопштението.

Наришкин нагласи дека и Русија и САД знаат за тоа.

„Меѓутоа, Соединетите Американски Држави не поставија никаква опструкција за таквите планови. Напротив, тие беа подготвени да и подадат рака на Украина, очигледно надевајќи се дека украинските ракети вооружени со нуклеарни боеви глави ќе бидат насочени кон исток, а не кон запад, нагласи тој.

Директорот на СВР потсети дека украинскиот претседател Володимир Зеленски на Минхенската безбедносна конференција изјавил дека Украина може да го преиспита својот ненуклеарен статус.

Сепак, немаше реакција од лидерите на ЕУ. Европејците, обично толку загрижени за заканите по нивната безбедност, овој пат го игнорираа предупредувањето на Зеленски. Очигледно претпочитаа да не го сфатат доволно сериозно. Но, згрешија. Тие закани не беа само празни приказни или спонтана грешка на политичар донекаде понесен од илузијата на неказнивост“, рече тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*