Конечно и кај нас попуштаат со мерките, укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ денеска на прес конференција истакна дека комисијата донела заклучоци и предложила две мерки до министерот за здравство Беким Сали.

  • Првата мерка е укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест, потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата
  • Втората се однесува на бремените жени, односно укинување на ослободувањето од работа.

Мехмедовиќ упати и препорака до бремените жени за вакцинација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*