Мицкоски: Само Вице, малите Зоранчиња градоначалничиња, Љупчо Путерот и нивните главоклимачи зборат добро за оваа власт

„Сте сретнале ли некој кој последниве неколку месеци, а да не е батето, малите Зоранчиња градоначалници, Љупчо Путерот и блиските до нив главоклимачи, значи освен оние кои што имаат полни џебови со пари, дали некој сте сретнале што збори добро за власта. Нема таков. Нема човек кој добро зборува за нив. Од друга страна за ова е свесна и власта па затоа овие денови се свртеа на поткуп. На масовен поткуп и тоа е последица на единственото сознание дека ќе ги загубат изборите, ќе ги загубат дебело“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Делчево.

Мицкоски додаде дека поткупот кој го прават, а при што се нудат стотици евра за еден единствен глас, тоа што во Битола во игра се црни вреќи, во Велес се лицитира со бројки на крадени пари, денес се виде дека истото тоа го прават буквално секаде низ Македонија. А, Заев дели помош на одбрани фирми од буџетот на народот, тоа се потези на очајник кој се дави во сопствената кал.

„Ние во наши раце ја немаме полицијата на Спасовски, ниту пак обвинителството на Рускоска, но затоа на наша страна го имаме народот, а поткупот ако е болеста на оваа криминална власт, тогаш лекот е масовен одѕив во недела. Рано наутро да излеземе на 17-ти октомври и да го заокружиме бројот 7. Да заокружиме за идниот градоначалник на Делчево, да заокружиме за победничката листа на ВМРО-ДПМНЕ“, повика Мицкоски.

Мицкоски посочи дека го слушал Заев како вчера кажувал дека ќе победел во 22 општини во првиот круг, веднаш се потсетил на шегата кога млад човек отишол на интервју на работа се пофалил дека брзо пресметува, па кога го прашале колку е 22 по 12 рекол како од пушка, милион. Работодавачите се зачудиле како може да дава вака промашена пресметка, ама тој им одговорил дека знае брзо да пресметува, а не дека знае точно да пресметува. Епа отприлика така е и со Заев кога дава прогнози.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*