Големи пожари во Австралија: Горат куќи , најмалку еден повреден (ВИДЕО)

Најмалку четири куќи изгореа во пожарите што ги зафатија градовите Бриџтаун и Денмарк во австралиската држава Западна Австралија.

Шефот на тамошните пожарникари го припиша интензитетот на пожарот на климатските промени, пренесува „Гардијан“.

Министерот за вонредни служби на Западна Австралија, Стивен Досон, потврди дека куќите се уништени, но додаде дека обемот на штетата нема да се знае додека не се направи официјална проценка. Тој рече дека е постигнат значителен напредок во сузбивањето на пожарите на југот на државата, но опасноста останува.

„Сè уште имаме активни пожари, затоа бараме трпение од луѓето. Ова е многу тешко време за сите погодени од пожарите“, рече тој. Пожарите се уште се надвор од контрола и зафаќаат површина од повеќе од пет илјади хектари. Досон рече дека 210 пожарникари се борат со пожарите.

https://www.youtube.com/watch?v=o03eU5q8wG4&ab_channel=PlanetNews

Еден жител бил пренесен во болница откако го гаснел пожарот на неговиот имот. Комесарот за пожарникарство и итни служби во Западна Австралија, Дарен Клем, рече дека пожарите се исклучително предизвикувачки, но и дека нивниот интензитет е резултат на климатските промени.

Премиерот на Западна Австралија Марк Мекгован им се заблагодарил на пожарникарите за нивните напори во текот на неделата и ја повика јавноста да ги следи советите на службите за итни случаи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*