Непребол за убиената ќерка: „Ми плачат душата и срцето, не знам кој и зошто ја уби мојата Милица- денеска ќе наполнеше 28 години“

На мојата Милица денес ќе ѝ беше роденден, ќе наполнеше 28 години. Таа имаше 16 години кога беше убиена и ова е нејзиниот 12-ти роденден на гробиштата. Стојам овде, на гробиштата во Сомбор, многу е тешко – вели Светлана Симендиќ, мајка на Милица Барашин (16), која непознат маж ја уби во Суботица додека се враќаше дома на 7-ми октомври 2010-та година, пишува Блиц.рс.

Убиецот кој ѝ пришол на девојката одзади и ѝ го пресекол вратот никогаш не бил откриен, а нејзината мајка Светлана вели дека повеќе не верува дека тоа некогаш ќе се случи.

На својот Фејсбук профил таа вчера напиша: „Мојата душа утре има роденден, би наполнила 28 години, почивај мирно ангеле мајкин“.

– Кога гледам дека е 2-ри февруари ми плачат душата и срцето за мојата Милица. Немам ништо ново да ви кажам, како лани и сите претходни години, не знам кој и зошто ми го уби детето. Убиецот се уште не е фатен, вели Светлана Симендиќ за „Блиц“.

Како што рече пред четири месеци, на годишнината од убиството, „веќе не оди во полиција, никого ништо не прашува“.

– Никој досега не ме прашал и не ме информирал. Тагата е голема. Мојата Милица ја нема повеќе, тоа е единственото нешто што никогаш нема да престане да боли, неутешна е Светлана.

Тој ѝ се доближил одзади

Да потсетиме, Милица беше средношколка, убава девојка, полна со живот. Од Сомбор се преселила во Суботица со мајка и, баба и дедо.

Кобната октомвриска вечер таа се враќала од градот околу 21 часот. Дел од патот секогаш морала да оди сама, бидејќи никој од нејзиното друштво не живеел во тој дел од градот, зад гробиштата кај Дудовата шума и базенот.

Имала слушалки во ушите, а мајка и ја чекала дома. На место од каде што веќе се гледа нејзината куќа, одзади и пришол маж. Таа не го забележала ниту го слушнала како се движи наоколу поради слушалките кои ги носела.

Според обдукцискиот наод, убиецот со месарски нож и го пресекол вратот. Ножот не бил пронајден, утврдено е дека е деснак, а и ги повредил и врвовите на прстите бидејќи Милица со рака се обидела да се одбрани од смртоносното сечило.

Не ја ограбил ниту сексуално ја вознемирувал. Ја убил и побегнал. Убиството на Милица Барашин е едно од најбруталните убиства на Балканот кое никогаш не е расветлено.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*