Навивачката група Комити, која секоја година во 12 часот на роденденот на Гоце Делчев положува цвеќе во црквата Свети Спас, годинава беше спречена да го направи тоа од страна на полицијата со оправдување дека таква била наредбата.
Причината за ваквата состојба беше што во тој момент цвеќе положуваше бугарската делегација.
Комитите гневни откако им се заканија дека ќе ги апсат и посочија на полицијата „да си одите во Бугарија и таму да си земата плата, поради вас нема да имаме држава“.



