Австрија ја укина забраната за движење на невакцинираните

Во Австрија од полноќ престана да важи локдаунот за невакцинираните кои сега можат повторно да се движат слободно надвор од дома без страв од казна.

Невакцинираните луѓе неколку недели можеа да одат само во самопослуга, аптека, пошта, банка, на лекар, на работа или на училиште и на прошетка, но само со луѓе од исто домаќинство.

Сепак, укинувањето на карантинот не им ги враќа сите слободи на невакцинираните.

Имено, во продавниците кои не продаваат намирници или средства за хигиена важи правилото „2Г“ што значи дека се „отворени“ само за вакцинирани и луѓе кои прележале Ковид-19.

Истото правило важи и за угостителството, хотелите, културните и спортските настани, како и на многу други места.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*