Мисирец, роден околу 250та година во некое село Кома близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството. Најпрво се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне онеспокојувањето од луѓето, се оддалечи во пустина, на брегот на Црвеното Море, каде што како затворник помина дваесет години не дружејќи се со никого освен со Бога преку непрестајна молитва, богомислие и созерцание, поднесувајќи ги неискажливо трпеливо демонските искушенија. Неговата слава се пронесе по целиот свет и околу него се собраа многубројни ученици коишто ги поучуваше со пример и со слово на патот кон спасението. За осумдесет и петте години од неговиот подвижнички живот само двапати отиде во Александрија, и тоа првиот пат да бара мачеништво во времето на гонењето на Црквата, а вториот на повик на Св. Атанасиј за да ја собори клеветата на Ариевците дека божем и тој ја прифатил Ариевата ерес. Се упокои во сто и петтата година од животот, а зад себе остави цела војска следбеници и ученици. Иако на беше наобразуван, им беше советник и учител на најучените луѓе на неговото време, каков што беше Св. Атанасиј Велики. Кога некои елински филозофи го искушуваа со книжевна мудрост, Антониј ги засрами со прашањето: „Што е постаро: разумот или книгата? И кое од тие двете е причина за другото?“ Засрамени филозофите се разотидоа, зашто видоа дека самите имаат книжевно памтење без разум, наспроти разумот што го има Антониј. Тој е човек кој го достигна совршенството коешто воопшто може да биде достигнато на земјата. Тој е воспитувач на воспитувачите и учител на учителите; цели осумдесет и пет години се преобразуваше себеси, па само така имаше сила да ги преобразува и другите. Исполнет со многубројни години и добродетели, Свети Антониј се упокои во Господ во 335та година.За многу години и нека не чува сите!
„Преподобен Антониј Велики – народски попознат како св. Антонио“
КРАЈ НА ВАКЦИНИТЕ?: РУСИТЕ ТВРДАТ ДЕКА НАПРАВИЛЕ ЛЕК ПРОТИВ КОВИД, ЕФИКАСЕН ПРОТИВ СИТЕ ПОЗНАТИ ВИДОВИ!
Руските научници тврдат дека направиле лек против Ковид 19 на база на моноклонирани антитела и дека тој ќе биде најефикасното […]
Евakyацијата заврши на време: Замина и последниот американски авион од Авганистан
Амерканците успеаја навреме да ја завршат евакуацијата од Авганистан. Вечерва замина и последниот авион во кој беше и американскиот амбасадор […]
Јовчески победи со над 4.500 гласови разлика, потоп на СДСМ, се бара оставка од Миле Талески?
Информациите од партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ говорат дека Д-р Борче Јовчески моментално има водство од околу 4.500 гласа разлика во […]
Ова не е во Македонија ова е во Сиднеј Австралија
Денес Македонското знаме гордо се вее Во Сиднеј Австралија во населбата Рокдејл, традиционално како секоја година . 30 години независна […]