Концертот „Пријателите во чест на Андреј Лаброски“, кој се одржа вчера на плажата Сараиште, можеше да се проследи и во живо, со пловен објект од вода и со почитување на мерките на заштита.
Концертот што го одржаа ансамблот „Билјана“и пријателите, покрај езерото, беше посветен на прерано починатиот член на групата Андреј Лаброски.
Концертот во живо се емитуваше на Сателитската ИНТВ и Регионалната ТВМ,исто беше пренесуван и на социалните мрежи Фејзбук и Јутуб.


