Марија Пијанманов, ќерка на Жан Пијанманов и Константин Плевнеш, син на Јордан Плевнеш во минатото. беа гости во ток шоуто „Живот со стил“ на ТВ 24. Нивниот начин на живот кој е споделен во јавноста наидува на различни коментари од луѓето. Едни ги поддржуваат, други ги критикуваат.
Во Париз сме егзибиционисти, одиме на места каде оди Ким Кардашијан и не се плашиме да се претставиме. Знаеме да одиме на места каде што одат само милионери. Зрачиме со таа убавина што никој не не издвоил како цетсетери, Вели Марија, а додава дека не се преоптеретува што ќе вози бидејќи повеќе е на патувања, а во Париз има шофер.
Не сум љубител на големи брендови, не сум човек кој што сака да избира луксуз поради самиот бренд. Имам париња кои ги сакам и се дел од мојата душа, а не поради тоа што е луксузно, туку поради тоа што ме привлекло. Сакам убави наочари, сопругот често ми ги купува.
https://www.youtube.com/watch?v=fRm7OgupVfM&t=692s&ab_channel=Televizija24Сопругот во тоа интервју вели дека ја гледа како една муза и дека тој планира да работи на многу филмови со неа.


