Медицинска сестра за 400 евра лажно боцкала со вакцина, камерите уловија сè

Италијанската полиција фати група измамници со чија помош многу Италијаници добија ковид-сертификати без да бидат вакцинирани. Според полициската истрага, луѓе од цела Италија доаѓале во центарот за вакцинација во Анкона, каде плаќале по 400 евра за „лажен убод“.

Медицинската сестра која требало да им ја вбризга вакцината, го празнела шприцот во памук, кој потоа го фрлала во корпа за отпадоци. На пациентот му лепела фластер и му давала „зелена пропусница“.

Како што се гледа на снимката што ја објави полицијата, медицинската сестра се преправа дека инјектира, но наместо го празни шприцот до раката на пациентот.

https://twitter.com/i/status/1482246841529942019

По истрагата, 51-годишнната сестра заврши во истражен затвор, додека четири лица, меѓу кои и 53-годишен адвокат од Анкона, кој бил посредник во измамата, завршиле во домашен притвор.

Во рамките на операцијата, која започна во декември, полицијата истражува околу 50 лица на кои им е наредено да не го напуштаат регионот и секојдневно да се јавуваат во локалната полициска станица. Полицијата запленила и 18.000 евра собрани од луѓе кои платиле за „вакцина“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*