Русија: Не ја нападнавме станицата, Украинците ракетираа сопствени цивили

Uncategorized

Руското Министерство за одбрана сугерираше дека Украина ги нападнала сопствените цивили и ја негира одговорноста за ракетниот напад на железничка станица во кој загинаа повеќе од 35 луѓе, објави државната новинска агенција РИА Новости.

Тие тврдат дека типот на проектил употребен во нападот го користи исклучиво украинската армија.

„Руската војска немала никакви цели во Краматорск“, соопшти Министерството.

Претходно, Јарослав Трофимов, дописник на „Волстрит журнал“, објави фотографија на која вели дека се прикажани остатоци од ракета која паднала на станица во Краматорск.

Тој вели дека на ракетата пишувало „За децата“.

Две руски ракети ја погодиле станицата во градот Краматорск што се користи за евакуација на цивили од областите бомбардирани од руските сили, објави „Ројтерс“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *