На денешен ден, со авиони на британското воено воздухопловство, започна бомбардирањето на цели села и населби на Македонци со напалм, што ги натера Егејците да ги напуштат своите вековни огништа.
По тој повод, Форумот за човекови права на Македонците од егејскиот дел на Македонија денес организира манифестација, каде беше положено цвеќе пред Споменикот на децата – бегалци од Граѓанската војна во Грција. Во продолжение пренесуваме сведоштва од прогонетите Македонци, кои никогаш не се вратија во своите домови.
шкотиите при патувањето по студено време оставија видливи траги на децата. И по доаѓањето во Битола, нашите деца силно плачеа, исто како и во текот на целиот пат. Поголемиот број од нив повраќаа, на нас – жените од носење ни се отсекоа рацете и вратот, и рамената и имавме темни модринки по грбот и градите. Децата беа вошливи и валкани, затоа што не беа измиени цел пат, а патот беше долг над 100 километри и траеше осум дена. Очите им беа крвави, а од облека имаа само искинати работи, раскажува “мајката” Лена Сулевска.
Слично е и кажувањето на Елена Ефтова од село Турје, исто така, од Леринско, која побегнала од селото со 114 деца.
poveke na antropol.mk


