Новиот премиер во Владата ќе биде дочекан со нов прибор за угостителство. Службата за општи и заеднички работи ја подновувава владината кујна. Покрај бела техника набавува и нови прибори за јадење, со највисок квалитет, порцелан, инокс и кристал.
Така чиниите во најразлични форми по 30 и 60 парчиња треба да бидат изработени од тврд поцелан со висок сјак кој е отпорен на гребење и да бидат бели со златна линија. Ножевите, вилушките и лажиците, пак, исто по 30 или 100 парчиња треба да бидат изработени од високоотпорен нерѓосувачки инокс. А чашите од по 30 парчиња треба да бидат кристални. Договорот вреден над 37.000 евра го добија три фирми -„Еурефи Инжинеринг“, „ДЛ Конкорд“ и „Дидакс“ сите од Скопје. Тие треба да достават до владината сужба, висококвалитетна бела техника- софистицирани електрична и плинска скара, витрина, шок фрижидер од инокс, фрижидер за замрзнување храна, апарат за пеглање, стик правосмукалка, машина за пакување храна…Но, и повеќе комплети на најразлични прибори за јадење за владината кујна.


