Котлар: Kрајно e недолично Грција да проверува до каде е спроведувањето на Договорот од Преспа

Јас сакам да има попис и сите што сме во оваа држава сакаме да имаме попис но тоа не значи дека сега мора да биде и на начин како што е сега вака предвидено, коментира професорката Котлар на најавите на Заев дека попис мора да има за да се знае дали сме држжава или нација.

Имаме потреба од таа статистичка евиденција но немаме потреба од политички влијанија и манипулации. Не смее да се избрзува оваа постапка туку треба да биде одлично организирана за да не остане никаков простор за недоверба кон резултатите и нивно непризнавање.

Коментирајќи ги случувањата во Бугарија професорката смета дека ќе се оди на нови избори и оти тука препозава и прозападни и проруски влијанија.

Во преговорите Македонија мора да настапи како држава која има своја нација, бидејќи нацијата настанува кога се создава една држава, а еден народ создава една држава.Бугарија има крајно недолични барања во однос на нашиот идентитет, култура и историски карактериститки-вели Котлар во интервју за „Република“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*