„Ако имате нешто повеќе од 2,4 милиони граѓани, а повеќе од една четвртина си заминале, тогаш треба сериозно да се загрижите за тоа што се случува“,вели Апостол Симовски, директор на Заводот за статистика во државата. Изјавата на господинот Симовски уште еднаш го потврдува познатиот феномен на модерното време познат како “модерен геноцид” процес на масовно иселување на младите кадри од државата, поготово во земји во развој како Македонија. Проблемот со масовното иселување не е ништо ново во македонското општество и тука присутен уште од самиот период на ослободувањето до денес и како сенка не следи во континуитет. Од една страна на сите ни се добро познати проблемите со кој се соочува Македонецот, поготово младината: недостатокот на социјална држава, ниското ниво на сигурност, слаб квалитет на образование корупција, загадувањето, нефункционално судство, здравство на стаклени нозе и високо ниво на непотизам. Од друга страна пак користењето на овој проблем од страна на владините институции, политички партии, граѓански организации и останати клучни фигури во своите програми, кампањи и проекти, покажува дека е само водечка алатка во создавањето на јавното мнение кое многу брзо и умешно се прекрива по неговото искористување. Сето ова иницира дека системот како и ние поедниците итекако сме запознаени со проблемите и предизвиците на младите денес. Но недоволната ангажирансот на институциите во изминатите 30 години како и се поголемата незаангажирансот на младите дозволи овој проблем да остане недостижен.Заводот за Статистиката вели дека голем дел од Македонците кој се иселени од Македонија имаат завршено високо образование, друг податок пак вели дека ИСЕЛУВАЊЕТО НА ЕДЕН МЛАД ОБРАЗОВАН ЧОВЕК ЈА ЧИНИ ДРЖАВАТА 40.000 ЕВРА за придонеси за школување, здравствени и социални издатоци , што значи дека Македонија континуирано води погрешна политика за младите и со тоа ја води македонската иднина во сигурна пропаст. Но кој е виновен за тоа? Дали неспособноста на гарнитурите до сега не овозможија подобри услови за живот тука?Дали можеби само е проблем од светски размери под влијание на глобализацијата? Дали државниот апарат навлезе во криза од која не може да се извлече?
Модерен геноцид: Секој трети млад Македонец преспективата ја гледа во странство.
ОД УТРЕ: Влез во секаков вид објекти само со сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19
Граѓаните од утре ќе може да посетуваат објекти од затворен и отворен тип само со сертификат за целосна имунизација или […]
Дарко Билбиловски со нова патриотска песна која ке ве разнежи
Фолк пејачот Дарко Билбиловски последнава година бомбадира со нови песни ,најпрво се појави со весела песна насловена како Да да […]
Ужас во Италија: Дошол на прослава на роденден на ќерка си, ја убил и си пресудил
Маж (88), по потекло од Србија, ја убил својата ќерка (58), па си пресудил себеси, пишува порталот Агенпрес Трагедијата се […]
Нова cyдијка за спopoт 3aeв-Николоски, се читаат дokaзи од „Peкет“ и се зборува за парадата на функционери во домот на Боки 13
Со нова судијка започна доказната постапка во случајот Зоран Заев против Александар Николоски. Премиерот во оставка го тужи потпретседателот на […]