Рашковски незakoнски ѝ дал дозвола на гостиварска фирма, му се оддолжила со „количе за жената“ од 50.000 евра

Сопругата на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски во февруари добила на подарок автомобил Доџ Вајпер СРТ од 2005 година, чија што пазарна вредност е најмалку 50 илјади евра, а во анкетниот лист на Рашковски е пријавено дека вреди 5 илјади евра, откри Антикорупциската комисија. Автомобилот претходно бил во сопственост на лице, кое го наводно го купила од гостиварската фирма во ноември минатата година за 5 илјади евра.

Според предметот на Антикорупциската комисија, истата гостиварска фирма во декември минатата година побарала од Генералниот секретаријат на Владата во декември 2018, додека генерален секретар беше Рашковски, за имот со деловен простор во Гостивар во сопственост на државата да ѝ биде пренесено правото на градење и уредување.

Генералниот секретаријат веднаш го доставил барањето до Министерството за транспорт и врски, од каде што добиле одговор дека не се исполнети законските услови за пренесување на правото за градење утврдени во Законот за градење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*