НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ВО ЛЕСКОЕЦ, ЛИВОИШТА, ВАПИЛА ОД ЗДРУЖЕНИЕТО „СПАСОВДЕН“

И најмладите во селата Лескоец, Ливоишта и Вапила се израдуваа на Дедо Мраз кој ги посети и им подари новогодишни пакетчиња.

Станува збор за самоиницијатива на Драгослав Петкоски, претседателот на здружението „Спасовден“ и неговиот пријател Дарко Милески кои беа облечени како Дедо Мразовци, се со цел да украдат насмевки кај овие дечиња и да направат за миг да се почувствуваат убаво и среќно.

Ние одлучивме со сопствени средства да набавиме новогодишни пакетчиња колку што можеме и во овие тешки денови барем малку да ги направиме среќни овие дечиња кои со нетрпение го очекуваа Дедо Мраз. Во Лескоец и Вапила децата ги посетивме во нивните домови, а во Ливоишта се собравме на сред село. Навистина убаво си поминавме и се надеваме дека и децата си поминаа убаво со нас. Тука не запираме, деновиве ќе посетиме уште неколку села – истакна Драгослав Петкоски за ТВМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*