Заменик генералниот секретар на српското Собрание пронајден мртов во својот дом

Заменик генералниот секретар на Народното Собрание на Србија, Бранко Маринковиќ, е пронајден мртов денеска во својот дом во Белград, пренесуваат српските медиуми.

Неговото безживотно тело го пронашла сопругата околу 16 часот. Била почната и реанимација на Маринковиќ, но неуспешно.

Бранко Маринковиќ на функцијата заменик генерален секретар дојде на 24. октомври 2020 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*