Потpecно сведоштво на единствената жена која заврши во притвор за 27 април и го зaгуби бебето- Го коментира случајот со притворот за Мијалков, вели можат тие и полошо

Елена Доцевска Божиновска е мајка на две деца на возраст од 2 и 1 година, а го загуби трето кое беше на пат поради приведувањето за настаните од 27 април.

Таа без никакво објаснување и докази заврши во притвор само поради тоа што од 2007 година е во редовен работен однос во Собранието на Република Македонија, каде и што беше вработена и за време на настаните на 27 Април 2017 година.

Во домот на семејството на Елена, Божиновски, до моментот кога не се вратила дома од притвор било забрането да се ѕвони на врата, бидејќи нејзините деца Софија и Наум, во секој момент ја очекувале нивната мајка. Таа беше апсена со специјалци во 5 часот наутро како најголем криминалец.

Со скриншот од Инфомакс, Божиновска сега ја коментира ситуацијата околу бесправното држење на Сашо Мијалков во затвор на повеќе од 7 часа и тврди дека оваа власта на СДСМ како што вели фашистичка може и полошо. Таа преку својот пример елаборира дека лично била држена безправно во притвор повеќе од 96 часа.

-Ма можат тие и појако…

За моето излегување од притвор во Шутка, судот одлучи во четврток, а од притвор излегов дури во понеделник, односно 96 часа по одлуката, 96 часа плус неоснован притвор!!!

Стално дописите ‘доцнеа’ или се ‘залепуваа’ во нечија фиока… Милион и едно прекршување на постапка, рок и закон… Изживување за кое не постои соодветен опис…

Исто, и бетер е и со другите политички затвореници.

И не, не е доволно да си оди Заев, треба во историја да замине целата фашизоидна политика на СДС, пишува Божиновска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*