Заев поднесе оставка,останува уште да видиме дали ќе е прифатена од парламентот

Премиерот Зоран Заев попладнево до претседателот на Собранието ја достави најавената оставка на премиерската функција.

– Врз основа на член 219 став два од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија во прилог ви ја поднесува оставката на функцијата претседател на Владата на Република Северна Македонија. Истовремено, ве известувам дека истата нема усмено да ја образложам, наведува Заев во писмената оставка.

Тој во образложението посочува дека резултатите на последните избори, иако беа локални, за политичкиот момент во кој што се наоѓа земјата имаа и национална и политичка тежина.

– Во вакви услови за мене лично и за мене како премиер, заради политиките во кои верувам, политички неодговорно и неоправдано пред мојот народ и мојата земја би било јас лично да продолжам да ја водам владата на евроатланскиот пат. Сметам дека друг премиер од редовите на СДСМ тоа ќе може да го оствари на подобар начин, наведува Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*