Специјалниот претставник на Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски во Тема на денот во Дневникот на Сител смета дека предлозите на бугарскиот премиер Кирил Петков се добра основа.
-Факт е дека новата бугарска влада наследи проблеми од претходниците. Мојот оптимизам почива на 5-те точки од нивната позиција. Бугарија инсистира на Република Македонија, а не на Македонија, вели Бучковски и додава дека промената на историските учебници е предвидена според Договорот.
-Во Договорот е пишано. Тенденцијата е дека тие ќе бидат хармонизирани, не само кај нас, туку и во Бугарија. Сметам дека ќе влеземе во ЕУ со хармонизирани учебници. Историската комисија работи за иднината и генерациите, потенцира специјалниот претставник на Владата.


