Статус кој ја крена Македонија на нозе: Да седнеш со Бугарите да се расправаш дали сме Македонци и од кога сме – тоа е синдром на caмоуништување

Да ја имаш Лидија од Македонија, првата христијанка во Европа,

Да го имаш 1100 години Свети Наум и неговиот манастир, 1000 години Бигорски, 1100 години Свети Климент и Плаошник, т што е 300 години пред ренесансата во Европа,

Да го имаш Богомилското движење како прво протестантско учење во Европа 6 века пред другите слични движења,

Да го имаш Курбиново со фреската Ангелот од Курбиново стара 900 години, кој го има во истоименото село и само во црквата Равена и никаде на белиот свет на друго место,

Да ја имаш Охридската книжевна школа неколку века пред Болоња,

Да го имаш Галичник со уникатните зографи и ремек делата од дрворези на тамошните мајстори,
Да го имаш Танец со Тешкото, Драчевка, Малешевка, калајџиско и други ора и песни со ритам 11/8 за кои светот станува со овации и се чуди

Да ги имаш најубавите народни носии и шари,

Да го имаш Делчев со најпрогресивната реченица на овие простори,

Да ги имаш Мисирков, Рацин, Конески, Анастас Коцарев, Петре М. Андреевски, Стефановски Горан и Влатко, Ацо Шопов, Гане Тодоровски….

И уште колку многу имаш мој народе!!!

И да седниш со Бугарите да се расправаш дали сме Македонци и од кога сме тоа.

Е треба да имаш некој синдром на самоуништување и да не се цениш воопшто себеси, пишува Ивица Ангеловски на Фејсбук.

https://www.facebook.com/sansoniera/posts/10219310466687850


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*