ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори – Заев: Ако ги упропастиме овие 2,5 години ќе си пукам во двете нозе

Следните две и пол години не треба да има никако избори- изјави Заев при неодамнешното гостување во Клик Плус. Смета дека наместо на избори треба да се фокусираме на економијата. Европа дома да ја донесеме и земјава да ја направиме Швајцарија на Балканот. Проблемот со Грција, НАТО, едно општество за сите,. се е за подобар економски стандард вели Заев. Тој дури го жртвувал како што изјави и политичкиот рејтинг за доброто на народот, за подобри плати, подобар живот.

„Ако ги упропастиме овие 2,5 години пред нас мислам дека ќе си пукам во двете нозе, бидејќи тој бесконечен циклус на избори не е добар за никој. Јас како политичар ќе поддржам овие 2, 5 години да бидат осигурани што скаа нека е. Тоа е на крај, влада, парламент, општини постојат за граѓаните, за економијата за се“, истакна Зоран Заев.

Од друга страна опозицијата смета дека народот е презаситен од кризи, а не избори. Единствен начин за излез од истите според ВМРО-ДПМНЕ се предвремени парламентарни избори. Локалните избори според нив се показател дека на народот сака промени. Не сносењето одговорност  за 60 изгубени животи за неполни 3 месеци според нив е причина за губењето на довербата кај народот.

Пред неколку дена од оваа партија порачаа дека предвремени избори мора да има, доколку на 14-ти декември, Македонија не добие датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

„Ќе превземе народот. Предвремени парламентарни избори ќе има, бидејќи оваа пластелин коалиција е неиздржлива кованица за да може да работи во интерес на граѓаните“, посочи Наум Стоилковски.

Според  аналитичарот пак  Газменд Ајдини  математиката е проста и јасна.  Само доколку ДУИ одлучи да има, тогаш предвремени парламентарни избори ќе се случат.

„Ако одлучи ДУИ, зашто овие избори зависат само од ДУИ. ВМРОДПМНЕ сака избори, Левица сака избори им одговара, само ДУИ ако одлучи има 61“, вели Газменд Ајдини.

Според бројот на пратеници, ДУИ е партијата која ако се стави ваков предлог на гласање ќе одлучи дали ќе има избори или не.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*