Новинарот ги видел Алек и Хилари пред куќата на режисерот Вуди Ален во Њујорк во понеделникот и решил да му постави неколку прашања.
„Господине Болдвин, што ве носи во Њујорк? – прашал Левин.
Левин го снимил целиот настан, а на видеото може да се слушне како Хилари неколку пати го моли да си замине и да ги остави на мира. Но, новинарот бил решен да му поставува прашања на актерот и ги игнорирал нејзините зборови. Тогаш Болдвин се свртел и истрчал кон него.
„Не можете да фотографирате пред нечија приватна куќа! Болдвин му викал, на што репортерот му одговорил дека не снима на приватен имот.
Хилари го спречила Алек целосно да се доближи со Левин и тој повторно отишол до влезната врата од куќата.
Левин продолжил да поставува прашања, овој пат за снимањето на филмот Rust.
„Дали навистина не го повлече чкрапалото? Дали верувате дека пиштолот пукал без да го повлечете чкрапалото? Дали навистина имаше дефект?“ прашал новинарот од Њујорк Пост, а Хилари повторно му рекла да си замине, што тој не го направил.
Откако се отворила вратата од куќата во која сопружниците влегле, Алек ја викнал Хилари брзо да влезе.



