Југославија не ја создаде Македонија…

Таа постоеше и пред неа, а веќе постои и долго после неа…(по повод 29.11.)Македонија даде вкупно над 44.000 жртви во Втората светска војна. 24.000 од Република Македонија и над 20.000 од егејска Македонија и пиринска Македонија.Туѓа војска не гинеше за слобода на Македонија.Наша војска гинеше за ослободување на Србија и Хрватска. Наши животи беа положени за Југославија, а не југословенски за Македонија.Движењето имаше национал-ослободителен карактер, а АСНОМ беше собрание на целокупниот македонски народ и други народности, од Македонија (имаше делегати од сите делови на Македонија), но за жал, делумно и поради југословенски, а целосно заради подоцнежни идеолошки причини, не се постигна целосно ослободување на македонскиот народ и Македонија.Четите носеа имиња на погинатите војводи.Живите војводи и комити беа дела од четите.Имавме свој, наш македонски Генералштаб на Народно Ослободителната Војска и Партизанските Одреди на Македонија (ГШ на НОВ и ПОМ).Македонското движење не беше идеолошко (комунистичко, левичарско, коминтерновско), беше народно. На 29 Ноември ние Македонците не учествуваме.Нереализирањето на македонскиот сон за целосно ослободување на Македонија, подоцна, после превратот во 1945/46 од страна на КПЈ, со живот и слобода го платија илјадници Македонци по затворите во Идризово, Отешево,… меѓу кои и првиот Претседател и скоро целиот состав на Президиумот на АСНОМ.Видете ги документите на АСНОМ (Манифестот, Прогласот, декларациите и решенијата), видете го списокот на делегати, видете го составот на Президиумот на АСНОМ (практично првата Влада на Македонија), видете ги знамињата позади говорницата (и руско, но и британско и америчко).Затоа, доволно време помина за да научиме:САМИ СИ ЈА СОЗДАДОВМЕ ДРЖАВАТА !НИКОЈ НЕ НИ ЈА ПОКЛОНИ !

Илија Димовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*