Со Бугарија мора да прекинеме да разговараме за минатото…

За иднината, да. За минатото, не.Прифаќањето на бугарските позиции за заедничка историја и останатите паметни историски барања, најмалку ќе значи или ќе ги има следниве последици:1. Дека сме биле/сме еден народ кој живее во две држави (ни даваат од Бугарија примери со Албанија/Косово, Германија/Австрија, Грција/Кипар,…). 2. Дека говориме ист јазик. 3. Дека нема посебен и засебен историско-идентитетски и културолошки развој и растење на македонскиот народ. 4. Дека терминот Македонец има само регионално значење (како и во Грција). 5. Терминот македонско/македонски/македонска ќе има регионално географско значење (како и во Грција). 6. Географски терминот Македонија во бугарскиот светоглед ќе е на рамно со Мизија и Тракија. 7. Со овој потег, во моментот, се откажуваме од било какво прашање за малцинство во Бугарија. 8. Ги фрламе во вода пресудите на меѓународните судови за прашањата на организираноста на македонското малцинство во Бугарија. 9. Целиот македонски фолклор добива бугарски наслов. 10. На тој начин се откажуваме од национал-ослободителниот карактер на партизанското движење и АСНОМ (и го сведуваме на идеолошки конфликт помеѓу комунисти и националисти). 11. Се откажуваме (како да не постоеле) од Мисирков, Пулевски, Рацин, Неделковски, Шопов, Кепески, Конески, Шоптрајанов,… 12. Докажуваме дека партизаните згрешиле што станале на востание против свои сонародници (ќе дојде време да треба ние да се извиниеме, на некое од следните поглавја). 13. Се откажуваме од засебноста и посебноста во својата борба на ВМРО, од Делчев, Груев, Сарафов, Сандански,… 14. Ќе докажеме дека во Грција (егејска Македонија) нема и никогаш немало македонско население. Тие што се таму или биле се Бугари, а прашањето со Бугарија и “бугарското население” во Грција е решено со Нејскиот договор (вие чудете се зошто Грција ја поддржува Бугарија лажејќи ја нашата Влада дека ќе не поддржи). 15. Илинденското востание би признале дека е бугарско востание. 16. Охридската православна црква како автокефална црква, пред нејзиното укинување, би прифатиле дека е црква на Бугарите. 17. Внесувањето на географската одредница “северна” во името на државата Република Македонија би имало оправданост, бидејќи терминот Македонија и македонски/македонско би го изгубиле национал-идентитетското значење и би добиле, повторувам, само географско значење. 18. Културолошкиот македонски културен и идентитетски пакет од моментот на ова прифаќање станува бугарски, а терминот македонски останува само со хеленистичко културно значење (Преспа, Преспа, Преспа,…) 19. Би прифатиле дека сме живееле 75 години во бунило и незнаење, сме биле пијани, дрогирани и луди, и ние и нашите татковци и дедовци, кога сме тврделе и тврдиме дека сме Македонци, а не Бугари. 20. Песната “Народе Македонски” можеме да ја фрлиме и закопаме во новите мочуришта околу езерото што исчезнува, Преспа.

Илија Димовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*