Пејачи, келнери, тинејџери… кој може во кафеана без сертификат?

Од денеска стапи на сила новата мерка за заштита од Ковид-19, според која за влез во објекти и на настани на кои можеше да се присуствува само со една доза на вакцина, потребен е сертификат за примени две дози, или пак потврда за прележан вирус во последните 45 дена. Вратите на угостителските локали, ноќни клубови и шопинг молови се затворени за оние кои немаат примено две дози од вакцината против корона вирус, но и овде сепак има исклучоци.

Вработените во овие објекти не подлежат на задолжително приложување на сертификатот за влез, односно продавачи, келнери, готвачи во ресторани, како и музичари кои настапуваат во локалите, можат слободно да се движат внатре без да бидат имунизирани. Исто така, дозволен е влез за невакцинирани лица кои се малолетни.- Advertisements –

За оваа нелогичност кога се мерките во прашање, имаше реакции од јавноста уште во август годинава, кога стапија на сила новите рестриктивни мерки, според кои за влез се бараше потврда за најмалку една примена доза од вакцината.

Дека малкумина гледаат логика во овие правила, сведочи и настанот кој се случил викендов во еден локал, каде настапувал наш популарен поп пејач. Во објектот дошла инспекција која според мерките е должна да ги казни затекнатите невакцинирани гости, како и сопственикот на локалот во кој се дозволил влез на невакцинирани лица. Сепак, на музичарот којшто имал концерт пред гостите, иако невакциниран, не му била извршена контрола, бидејќи според мерките, тој не подлежи на истата.

повеќе на Фокус

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*