Украинците откриле гробница со руски војници во близина на Харков

Uncategorized

Канцеларијата за стратешки комуникации на украинската армија денеска објави фотографија на која наводно се гледаат мртви руски војници оставени во заедничка гробница по борбите кај Харков.

„Мит е дека Русите не ги оставаат своите мртви“, се вели во соопштението. „При чистењето на населбата Вилхивка, заедничкиот гроб на окупаторите го открија војниците на 92. механизирана бригада кај Харков“, се вели во соопштението.

Си-Ен-Ен не можеле веднаш да ја потврдат автентичноста на фотографијата на која се гледаат најмалку 10 тела во руска униформа.

„Ние не ги оставаме нашите зад нас“ е еден од неофицијалните пароли на руската војна во Украина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *