Зголемено присуство на полиција околу Собранието на Македонија.
Ова се должи на закажаната седница во 11 часот каде треба да се гласа за доверба на Влада.
Пратениците имаат рок до полноќ за гласање, а засега се уште не се знае на чија страна е мнозинството.
Според Претседателот Пендаровски, мнозинство треба да се добие по демократски пат, затоа што само така ќе се има легитимитет и внатре и надвор.
Оваа иницијатива првично, со потписи на 61 пратеник, ја достави опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред три дена во Собранието, а во текот на вчерашниот ден беше поднесен нов ревидиран список со барање за изгласување недоверба на Владата.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа седницата за гласање на доверба на Влада за денес во 11 часот, а во гостување на ТВ21 посочи дека доколку сега не се изгласа недоверба на Влада, истото нема да може да се најде на седница во наредните 90 дена.

