Убиството на британскиот пратеник е терористички чин, смета полицијата

Uncategorized

Пратеникот од редовите на Конзервативната партија почина откако беше избоден на средбата со гласачите во својата изборна единица во Есекс

Британската полиција соопшти дека убиството на долгогодишниот член на британскиот парламент Дејвид Амес е терористички чин и веруваат дека напаѓачот го извршил делото сам.

Лондонската полиција ги соопшти првичните резултатите од истрагата, а тие покажуваат дека постои шанса мотивот за нападот да е поврзан со исламистички екстремизам.

Пратеникот од редовите на Конзервативната партија почина откако беше избоден на средбата со гласачите во својата изборна единица во Есекс. Полицијата кажа дека 25-годишник е уапсен во врска со нападот во црквата во Леј, кој се наоаѓа на шеесетина километри источно од Лондон.

Дејвид Амес е член на Британскиот парламент од 1983 година. Оженет е, и има пет деца.

Тој беше познат како социјален конзервативец, голем противник на абортусот и се залагаше за благосостојба на животните.2SharesShare2

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *