Роквиќ беше погребан на гробиштата Нова Бежанија во Белград, а од него дојдоа да се простат многу естрадни колеги и пријатели. Меѓу оние кои дојдоа да го испратат беше и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Пред погребот се одржа комеморација за починатиот пејач.
За Роквиќ зборуваа композиторот Миша Мијатовиќ, хармоникашот Миќа, пејачката Ана Бекута, но и поранешниот фудбалер Бошко Ѓуровски. Двајцата сина на Маринко, Никола и Марко Роквиќ, на комеморацијата ја пееја песната “Тамо код најдаљих брда“.



